ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Проектот за пругата кон Бугарија нема економска оправданост

ВМРО ДПМНЕ: Проектот за пругата кон Бугарија нема економска оправданост

Претходната власт била неодговорна и без никаква економска оправданост влегла во проект вреден 560 милиони евра за изградба на третата делница од пругата кон Бугарија, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија обвинува дека овој проект се работел без план, односно било предвидено пругата кон Бугарија да завршува во тунел каде не постои излез. Според нивните пресметки, еден километар од пругата долга 24 километри би чинел над 23 милиони евра.

Цената на чинење е само еден од проблемите. Пругата од 24 километри треба да има 22 тунели, од кои последниот нема излез. Да, СДСМ и ДУИ предвиделе пругата кон Бугарија да завршува во тунел кој нема излез, затоа што од бугарска страна нема ниту проект за истата.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат и дека овие пари може да се пренаменат за обновување на пругата од „Табановце“ до „Богородица“, а тврдат и дека овој проект ќе чини двојно помалку отколку предвидените средства за пругата до Бугарија.

„560 милиони евра можат да се потрошат за модернизација на пругата од Табановце до Богородица и истата да може да се користи од возови кои би се движеле до 120 километри на час, а би чинела 250 милиони евра, односно на половина од тоа што СДСМ и ДУИ планирале за пруга со тунел без крај„, рече Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Проектот за изградба на пруга до Бугарија е во рамките на Коридорот 8, пари добиени од Европската инвестициска банка. Претходно и новиот министер за транспорт и врски, Александар Николовски, посочи дека обвинителството треба да оформи предмет за овој случај, бидејќи претпријатието за државни патишта без детална анализа ја зголемила проценетата вредност за над 200 милиони евра. Пругата до Бугарија пак е ветување на речиси сите претходни влади, а според меморандумот потпишан на 1 август 2017 година од македонскиот тогашниот министер за транспорт и врски Горан Сугаревски и неговиот бугарски колега Иваило Московски, третата фаза од Коридорот 8 според договореното од Крива Паланка до Деве Баир требаше да биде готова до 2025 година./Алсат.мк

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button