ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Владата се изгласа со 62 пратеника, ништо од најавуваното зголемено мнозинство

Вчера пропадна долгонајавуваното зголемено мнозинство на СДСМ. Владата на пиунот на Заев Ковачевски се избра со 62 пратеника, кои и досега ги имаа, велат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се додава:

„Неспособноста на оваа Влада започна уште од вчера. Владата на пиунот Ковачевски ќе има краток рок на траење. Граѓаните се уморни од неспособноста на СДСМ и ДУИ во Влада, а по однос на легитимитетот, Ковачевски како политичар и мандатар нема изборен легитимитет.

Заев се обидува преку Ковачевски да направи мост за тивок премин и премолчување на неговите криминали, но сепак тоа нема да му успее затоа што ќе дојде судот на народот и департизираните судски институции. Оваа украдена шанса скапо ќе ги чини Ковачевски и Заев на следните избори, кај и да е ќе стаса како резултатите така и одговорноста, бегање нема.

ДС, ДОМ и ЛДП докажаа дека се привезоци на власта. Дека се заштитник на криминалот на СДСМ ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button