ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Власта ги штити виновниците за пропустите кои доведоа до автобуската несреќа

Срамно е што за СДСМ и владата не е крива корупцијата на институциите во случајот со фаталната сообраќајка, туку починатите што не ја виделе корупцијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение меѓудругото се додава:

„Националниот координатор за гранично управување поставен од СДСМ, Владимир Пивоваров, кој е исто така одговорен што автобусот на Беса транс поминал 135 пати граница без дозвола за меѓународен превоз, не наоѓа вина во себе, за работата која не ја вршел, а за која е платен од граѓаните, туку во патниците кои не ја барале лиценцата за меѓународен превоз на увид.

Изјавата на Пивоваров е скандал и прикривање на сопствените пропусти и неспособност, со фрлање вина врз починатите.

Зошто Пивоваров, Заев, Спасовски, Бочварски, Исени и другите земаат плата од државата, ако граѓаните се тие кои треба да вршат контроли?

Автобусот на Беса транс цели 135 пати ја поминал границата без лиценца за меѓународен транспорт. Кој дозволил овој автобус да сообраќа толку долго време, и да поминува голем број на институции и потенцијални контроли на МВР и Царинската управа неказнето?

Кој и зошто ја штити Беса транс?

Дали коалицијата СДСМ – ДУИ е поважна од животите на граѓаните?“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button