ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ започна да блокира крстосници во Скопје и патишта во многу градови низ земјата

ВМРО ДПМНЕ започна да блокира патишта во знак на протест за, како што велат, тајните владини преговори со Бугарија. Според партијата на Мицкоски, на преговарачката маса е прифаќањето на Декларацијата усвоена од бугарскиот парламент, со која се загрозува македонскиот идентитет. Пратеникот Владо Мисајловски рече дека владата на Заев мора да докаже дека не преговара за македонскиот идентитет и јазик.

 

Според СДСМ, блокадите на патиштата од страна на ВМРО ДПМНЕ докажуваат дека македонската опозиција продолжува со својата деструктивна и антинародна политика.

ВМРО ДПМНЕ блокираше три крстосници во Скопје, кај Трговскиот центар „Мавровка“, пред Собранието, крстосницата кај „Поранешна Нова Македонија“ и патишта во уште десет градови. При блокадата на крстосницата кај .T.Ц. „Мавровка“ полицијата лиши од слобода лице поради навреда на службени лица. Македонската опозиција најави дека ќе ги блокира патиштата до петок, но не ја исклучи можноста протестите да продолжат.

Mefail Isamili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button