ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО и Алијанса за трагедијата во Бугарија: „Корупција и нефункционалност на институциите“

Опозициските партии остро реагирааи за немањето одговорност за трагедијата во Бугарија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека настанот ги води на површина криминалот и корупцијата во државните институции.

ВМРО-ДПМНЕ има конкретни барања да се избегнат слични автобуски трагедии кои главно се однесуваат на почести технички контроли на автобусите во зависност од нивната старост. Трагедијата ја коментираа денеска и од Алијанса за Албанците од каде наведоа дека неодговорноста, криминалот и корупцијата во државата граѓаните ја плаќаат со живот.

„Трагедиите кај нас се зголемуваат, додека зад секоја трагедија се кријат злоупотреби, криминал и корупција. Во оваа катастрофа, како и во минатото, на виделина илегуваат скандалозни активности. Автобус кој се движи низ регионот без потребната дозвола, нерегистриран во електронскиот регистар, а со дозвола од царината и граничната полиција. Сето тоа заврши само со земање на лиценцата на фирмата и отпуштање на двајца цариници. Одговорност за овој случај треба да сносат оние кои до денес не ја следеле и контролирале работата на превозниците, иако претходно ја имавме трагедијата кај Ласкарци каде исто така имаше жртви и беше констатирано дека има злоупотреби и скандалозни технички пропусти“, реагираат од Алијанса.

Алијанса за Албанците ја обвинува Владата дека не прифати одговорност за ниту една трагедија од минатиов период во која животот го загубија десетици граѓани.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button