ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

ВМРО и СДСМ со препирки за енергетската криза

Енергетската криза тема на меѓусебни обвинувања помеѓу власта и опозицијата. Бранот поскапувања на цената на струјата и парното е поради лошото менаџирање на оваа Влада, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, енергетскиот систем во земјава е целосно уништен поради личните интереси на луѓе од власта.

„Вонредно ја зголемија цената на струјата за 9,5%. Ја укинаа дневната евтина тарифа за домаќинствата. Компаниите кои набавуваат струја на слободниот пазар каде струјата е 5 до 6 пати поскапа се оставени сами на себе. Го поскапеа парното за 14%. Јасно е дека со државата владеат криминално – мафијашки кланови кои ги користат државните институции за сопствени потреби и се спремни да уништат сé што сме го граделе децении наназад.“

Но, од СДСМ тврдат дека проблемите во енергетскиот систем се поради претходното владеење на ВМРО. Наместо во инвестиции во обновливи извори на енергија, тогашната власт трошела пари за споменици.

„Киловат електрична енергија, во 2006, годината кога ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта изнесувала 2.95 денари по киловат час. Во 2017 кога ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција, цената на киловат час изнесува 4.95 денари што е речиси 100 отсто зголемување. Тоа е учиникот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во енергетиката, 100 отсто поскапа струја за граѓаните и укината евтина дневна тарифа.“

Во меѓувреме, мандатарот Димитар Ковачевски, во интервју за МИА, вели дека во следните три месеци фокусот ќе биде справување со енергетската криза. Подготвен бил план и се креирале нови сетови на антикризни мерки кои би им помогнале на граѓаните и на компаниите за полесно надминување на кризата.

Andrea Çobanova

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button