ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО инсистира собранието да го стави на дневен ред барањето за разрешување на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ инсистира на своето барање за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче. Македонската опозиција бара од претседателот на Собранието да ја стави на дневен ред предлог -одлуката, која според нив се базира на Уставот.

Но, премиерот Зоран Заев не го менува ставот. Нема да се прифати ниедна оставка додека истрагата не заврши.

ДУИ ја повикува македонската опозиција да не ја злоупотребува трагедијата во Тетово за политички поени.

„Не треба да има злоупотреба на оваа трагедија. Партизацијата или политизацијата на трагедијата не им служи на чест на опозициските партии и бараме од нив да престанат да ја злоупотребуваат оваа трагедија. Блокирање на Собранието. Блокирањето на Собранието не е вистинската опција“, рече Арбер Адеми, пратеник на ДУИ.

Во меѓувреме, потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити изјави дека треба да се прифатат оставките на првите луѓе од Здравството.

„Во моментов мислам дека само од морален аспект е добро што поднесоа оставка, без оглед на постапките што треба да одат до крај, за да се види дали има виновник и кој е виновен во таа насока. И повеќе не сакам да го злоупотребувам ова. мислам дека нема дилема, тие дадоа оставка и тие оставки треба да бидат прифатени“, рече Меџити.

И Владата го повтори ставот на премиерот дека за оставките ќе се произнесат по истрагата, додека за тоа дали има или не оставки поднесени од Владата, велат дека министерот и заменик -министерот за здравство поднеле оставки и истите биле архивирани. Нивната содржина не се разликува од она што јавно го кажаа Филипче и Асани.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button