Од ДУИ и денеска ја повторија потребата од спроведување на ветинг за функционерите, посочувајќи дека поминале три дена, а ниту една партија ниту владата се уште нема поднесено барање до меѓународниот фактор. Според партијата предводена од Али Ахмети, секој ден што минува без ветинг е голема загуба за демократијата и интегритетот на државата.
„Јасно е дека секое одложување на овој процес само ќе ги зајакне сомнежите на граѓаните за вистинската посветеност во борбата против корупцијата. Веднаш бараме да се покрене ветинг под меѓународно набљудување на секој политичар во последните триесет години“, велат од ДУИ.
На изјавата на ДУИ реагираа од ВМРО-ДПМНЕ кои истакнаа дека со овие маневри се обидуваат да го сокријат криминалот. Како што рече пратеничката Марија Митева, никој повеќе не и верува на ДУИ околу ветингот.
Инаку, прашањето за ветинг беше тема на разговор и на вчерашната средба на централното претседателство на ДУИ.
Од друга страна, ДУИ продолжува да го оспорува вклучувањето на ВЛЕН во Владата, тврдејќи дека тие се легитимни претставници на албанскиот политички табор и за ова најавија и протести.
Од друга страна, премиерот Христијан Мицкоски веќе неколку дена најавува дека ДУИ планира да ја дестабилизира државата наесен. /Alsat.mk