ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО повторно бара предвремени избори

ВМРО повторно бара предвремени избори

ВМРО-ДПМНЕ повторно бара предвремени парламентарни избори.

На седницата за пратенички прашања опозицијата рече дека СДСМ дошла на власт со мотото за подобар живот, а денеска државата се соочува со многу кризи. Ковачевски дециден – избори нема да има.

Опозицијата побара премиерот Димитар Ковачевски да утврди дали енергетската, економската, политичката и идентитетската криза се доволна причина за предвремени парламентарни избори.

Александар Николовски го потсети првиот човек на Владата дека неговата партија дошла на власт со ветување за подобар живот и праша дали денес се живее подобро или не.

Премиерот одговори дека парламентарното мнозинство има единствен став во однос на изборите.

Премиерот и коалиционите партнери минатата недела кога ги запозна со францускиот предлог, се договорија да нема нови парламентарни избори до 2024 година./Alsat.mk

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button