ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО против бугарските барања, Радев бара ветото да не се мрда!

ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против преговарачка рамка во која би биле содржани бугарските барања, најави претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, во интервју за „Призма“. Според него, веќе нема ниту поента да се преговара со Бугарија бидејќи како што вели, трите барања што ги сподели тамошниот премиер Кирил Петков се премногу радикални. Петков вчера рече дека Софија бара почитување на Рамковната позиција на бугарскиот Парламент, впишување на Бугарите во Уставот и реализација на Договорот за добрососедство.

„Ова што го гледам сега е обид на Петков да ја одржи каква-таква коалицијата во Бугарија, со ултра-радикален национализам. Се гледа дека човекот политички лута, од либерал којшто ни се претставуваше тука дека има отворени сфаќања и дека ја гледа европската перспектива, до ултра-националистички тврди барања. Нормално дека тоа нема да го прифатиме,“ рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Мицкоски, Рамковната позиција за која зборува Петков е асимилаторска за Македонците, а што се однесува до барањето за уставни измени, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека партијата би дала поддршка, но само доколку постојат гаранции дека тоа е последно бугарско барање.

Во меѓувреме, бугарскиот претседател Румен Радев настапи со упатства до Петков што да прави додека не се формира ново владејачко мнозинство во Парламент.

„Додека партиите го изнаоѓаат владејачкото мнозинство, Владата треба да ги обезбеди социјалните приноси и поддршката за бизнисот, да опстои на ветото за Република Северна Македонија, во согласност со рамката усвоена на Консултативниот совет за национална сигурност и да го обезбеди функционирањето на државата,“ рече Румен Радев, претседателот на Бугарија.

Од друга страна, германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ пишува дека шансите на германскиот канцелар Олаф Шолц да овозможи компромис меѓу Скопје и Софија, по утрешната посета на двата града, сега се уште помали поради нестабилната влада во Бугарија.

Лука Aндреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button