ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО: „СДСМ и ДУИ прават хаос во образованието“

ВМРО: „СДСМ и ДУИ прават хаос во образованието“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека владата на СДСМ и ДУИ прави хаос во образованието. Нема книги и свидетелства и се импровизира. Од партијата на Христијан Мицкоски велат дека наместо Министерството за образование да креира план и стратегија, демонстрира неспособност и неодговорност. „Просветните работници и воспитно-образовниот кадар се соочени со тотален колапс на системот. На помалку од половина месец до почетокот на учебната година нема книги. Наместо книги, се нудат наставни материјали, прирачници, упатства и слични експерименти кои не можат да бидат целосна алтернатива“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. /Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button