ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО со нови обвинувањата кон раководството на СДСМ за запленетата марихуана

ВМРО ДПМНЕ продолжува со обвинувањата кон раководството на СДСМ за запленетата марихуана. Димче Арсовски рече дека уапсените во последните акции имаат разни врски со семејството на Заев и се на позиции во рамки на МВР.

Од СДСМ велат дека последните акции на полицијата се неспорни докази за бескомпромисна борба против организираниот криминал. Во соопштението за јавност од владејачката партија, велат дека ВМРО – ДПМНЕ наместо да го поздрави неселективниот пристап на полицијата, стои на страната на криминалните структури.

„За време на полициската акција „Двојник“, ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски направија неуспешни обиди да ја саботираат акцијата објавувајќи информации за време на активна истрага. По неуспешниот обид за саботажа, од „Белата палата“ продолжуваат со нови лаги и манипулативни конструкции за акцијата, со што свесно го загрозуваат понатамошното продолжување на истрагата.“

Во изјава за новинската агенција МИА, од американската администрација за борба против дрога, ДЕА, велат дека ќе продолжат да ја поддржуваат земјава во ликвидацијата на организациите за трговија со дрога.

„ДЕА потврдува дека службеници на Агенцијата се вклучени во истрагата на Министерството за внатрешни работи и на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за запленување на 200 килограми марихуана во петокот од полицијата. Вредноста на запленетата наркотична дрога на црниот пазар е скоро еден милион долари“.

МВР, во акцијата што се спроведе во петокот на патот Прилеп – Росоман, заплени 40 пакети марихуана, при што се приведоа началникот на полицијата во Прилеп и уште неколку лица.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button