ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО убедено дека ќе ја преземе власта на предвремени избори

ВМРО убедено дека ќе ја преземе власта на предвремени избори

ВМРО-ДПМНЕ е убедено дека ќе ја преземе власта на предвремени парламентарни избори поради лошото владеење на СДСМ. Но, од Бихаќка не прифаќаат предвремени избори бидејќи велат дека се фокусирани на реформите поврзани со евроинтегративниот процес.

Политичките пресметки меѓу власта и опозицијата остануваат на иста точка. Опозицијата бара предвремени избори, а Владата вели дека е време да се фокусира на спроведувањето на евроинтегративните реформи.

„Анкетите јасно покажуваат дека СДСМ ќе доживее катастрофа на следните избори. Тоа ќе биде резултат на нивното катастрофално владеење. Анкетите покажуваат дека Владата и премиерот немаат поддршка. Затоа бегаат од соочување со народот и се трудат да останат уште неколку дена во оваа Влада за уште некој тендер“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, од власта тврдат дека се фокусирани на евроинтегративниот процес на земјата, скринингот од ЕУ и широката дискусија со сите политички чинители во државата.

„Во моментов ВМРО-ДПМНЕ врши консултации со експерти во врска со иницијативата за одржување на референдум. Тој би се однесувал на францускиот предлог, односно вклучување на дијалогот со Бугарија во преговарачката рамка меѓу С Македонија и ЕУ“, рече  Дарко Каевски од СДСМ./Alsat.mk

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button