ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО: Владини „пајташи“ веќе купиле парцели долж трасата на автопатите

Евентуална меѓународна арбитража за Коридорите 8 и 10-д ќе се одвива според законите на Англија и Велс. Ова е напишано црно на бело во договорот меѓу Бехтел – Енка и Владата. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во емисијата „Патот кон“ рече дека оваа согласност на Владата е во корист на конзорциумот.

Милошоски тврди и дека ВМРО има информации оти луѓе блиски до првите функционери во Владата знаеле каде ќе поминуваат коридорите 8 и 10-Д и веќе купувале земјише за подоцна да го продаваат поскапо.

Говорејќи за предложените законски измени поврзани со реализацијата на двата автопата, според Милошоски, ваквите измени не ги забрзуваат работите, туку ги зголемуваат трошоците. Во однос на испраќањето на Договорот со Бехтел – Енка до Јавното обвинителство, Милошоски вели дека тоа се прави со цел Владата да купи време и да избегне негово објавување.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button