ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Внесување на Бугарите во Уставот: Еве што вели Ковачевски

Граѓани со посебна определба може да побараат да бидат впишани во Уставот, но тоа е процес којшто има повеќе чекори, рече во одговор на новинарско прашање македонскиот премиер, Димитар Ковачевски. Говорејќи на темата во врска со вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав, Ковачевски рече:

„Граѓани во државата, коишто се самоопределуваат на друг начин, можат да побараат да бидат дел од Уставот на Република С. Македонија. Тоа е процес што поминува низ уставни измени, кои пак, имаат повеќе чекори и во кои се вклучени повеќе институции, ако тоа се случи, а нормално е да се случи на патот на една држава кон ЕУ, бидејќи тогаш се отвара Уставот за да се направат и други адаптирања, тогаш ќе бидат опфатени и тие прашања, врз основа на барањата на граѓаните“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button