МАКЕДОНИЈА

Внесување на македонските Бугари во Уставот најбрз пат да се демантира стигматизација кон нив, вели претседателот на ГДУ, Трендафилов

Барањето за промена на Уставот, со вклучување на македонските Бугари како дел од конститутивните народи во современа Македонија е најбрз пат да се покаже дека завршува стигматизацијата на македонските Бугари, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, Ѓорѓи Трендафилов, претседател на Граѓанско демократската унија (ГДУ).

„Тоа би бил најбрз, знам дека би било можеби комплицирано да се дојде до тоа потребно мнозинство сега во Парламентот, но тој би бил најбрз чекор кој ќе покаже дека атмосферата на стигматизација и архетип на непријатели, Бугарија или македонските Бугари завршува со вметнувањето на категоријата дека еден од конститутивните народи во современата македонска држава се и македонските Бугари“, вели Трендафилов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button