ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Внимавајте – нова измама се шири на Интернет

Внимавајте – нова измама се шири на Интернет

„Пошта Северна Македонија; Испораката нема да се изврши поради неточна поштенска адреса, информациите за адресата на поштенскиот код се потврдуваат во рок од 24 часа.

Оваа лажна СМС порака што ја добил граѓанин е само една од многуте пораки кои во последно време стигнуваат до телефонските броеви на граѓаните на земјава. По првичното известување, СМС-пораката бара да се кликне на врската што пристигнала како известување, со назнака;
„Копирајте ја врската и потоа отворете ја во Safari“

И тука започнува потрагата по лични податоци, како што се број за социјално осигурување и детали за адресата.

За овој тип на онлајн измами при што се злоупотребуваат личните податоци, Министерството за внатрешни работи ги алармира граѓаните да бидат внимателни при прифаќањето на вакви пораки.

„Овие измами, кои во последно време зачестија, имаат за цел да манипулираат со граѓаните и да добијат доверливи податоци или финансиски средства. Измамниците најчесто се претставуваат како претставници на банки, јавни институции или компании за да ги измамат жртвите. Секторот за компјутерски криминал спроведе проверки во врска со телефонските измами и откри дека може да се користат повеќе алатки за манипулирање со повиците“, велат од Министерство за внатрешни работи.

Според соопштението на МВР, измамниците кои стојат зад овие шеми користат повеќе методи за да ги измамат граѓаните. VoIP услуги: Услуги за глас преку Интернет кои им овозможуваат на корисниците да остваруваат повици преку Интернет. Измамни апликации како „SpoofCard“ кои им овозможуваат на корисниците да ги менуваат системите за ID на повикувачи, и измамнички техники каде напаѓачите го пренесуваат бројот на жртвата на SIM картичка за да пресретнат повици и пораки.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да бидат внимателни кога добиваат повици од непознати броеви или од телефони кои изгледаат како доверливи институции и никогаш да не споделуваат лични податоци, банкарски информации или лозинки преку телефон. Во случај да станат жртви на таква измама, треба да пријават во најблиската полициска станица./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button