ВЕСТИСВЕТ

Во Анкара средба на шефовите на дипломатиите на Грција и Турција

Министрите за надворешни работи на Грција и Турција денеска ќе се состанат во Анкара, потврди портпаролот на грчкото министерство Александрос Папајоану наведувајќи дека Никос Дендиас ќе ја посети Турција за да се сретне со неговиот колега Мевлут Чавушоглу. Тој додаде дека состанокот ќе биде прв во последните четири години меѓу министрите за надворешни работи на двете земји во Анкара. Двете страни се очекува да разговараат за прашања што се однесуваат на билатералните односи и регионалната соработка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button