ВЕСТИРЕГИОН

Во Брисел средба на преговарачите на Косово и Србија

Во Брисел денеска треба да се одржи нова рунда дијалог меѓу Србија и Косово, на ниво на главните преговарачи на двете земји. Петер Стано, портпарол на Европската Унија најави дека неговите соговорници ќе разговараат за енергетскиот договор. Домаќин на состанокот ќе биде специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак. Србија ја претставува Петар Петковиќ, директор на Канцеларијата за Косово во српската влада, додека главен преговарач на Косово е Бесник Бислими.

Според европски извори, енергетиката и прашањето за исчезнатите се две теми за кои партиите ги приближиле ставовите, па постигнувањето договор е реална можност. Под покровителство на Европската Унија, Белград и Приштина го потпишаа Бриселскиот договор во 2013 година со цел да се отвори патот за нормализација на односите меѓу двете страни.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button