ВЕСТИРЕГИОН

Во Брисел знаат кој е автор на нон-пејперот, Кучан: не сакаат да го откријат поради ефектот врз меѓународните односи

Првиот претседател на Словенија, Милан Кучан, изјави дека очигледно постои нон-пејпер за можна промена на границите на Балканот, иако во Словенија негираат дека стојат зад него.

„Сега излезе дека во Брисел е познато кој е неговиот автор, како и содржината, но не сакаат да ги откријат поради погубниот ефект врз меѓународните односи“, изјавил Кучан за Радио Слободна Европа.

Кучан додал дека Словенија не може да има поинаков став од оној со кој го започна процесот на независност на државата, дека сите републики имаат право на нивни држави и оти распадот на Југославија треба да заврши во постојните граници.

Кон средината на април, во медиумите се појавија информации за наводен предлог на словенечкиот премиер Јанез Јанша за прекројување на границите на Западен Балкан.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button