ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Бугарија загина и асистентка од Правниот факултет на УТ

И Тетово тагува. Од овој град загинаа шест лица. Алсат денеска го посети семејството Бељули кое ја загуби ќерката, 23-годишната Албина заедно со нејзиниот вереник. Бевме и кај семејства Фејзули и Ахмети. Инаку, Албина била асистентка на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово. Деканот Ќебир Авзиу вели дека Албина била многу успешна во студирањето и својата работа.

„Јас како декан од деканатот на правниот факултет на УТ побарав мислење од сите професори, од продеканите и шефовите на програми да се ангажира еден дипломиран студент на нашиот факултет. Сите едногласно беа на мислење дека Албина Бељули треба да биде дел од Правниот факултет и јас со задоволство ја примив како асистентка и како раководителка. Јас Албина ја издвојував и како студентка, но и потоа како вработена на Правниот факултет, како асистентка. Таа имаше силен карактер, беше чесна, морална, доверлива и доста вредна. Секогаш беше насмеана, секогаш на факултет доаѓаше со позитивна енергија…“

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button