РЕГИОН

Во Дечани се намалува бројот на нови случаи со труење

Министерот за здравство на Косово, Арбен Витија, соопшти дека е намален бројот на граѓани со симптоми на труење кои бараат медицинска помош во Дечани. Надлежните чекаат дополнителни резултати за да откријат што го предизвика труењето на околу 1.500 лица во изминативе неколку денови.

Поради масовното труење викендов беше прогласена и вонредна состојба во општината. Националниот институт за јавно здравје во понеделникот објави дека од шест тестирани примероци на вода, кај два биле пронајдени сомнителни колонии на бактерии. Сепак, точната причина за труењето сè уште не е утврдена.

„Дел од резултатите излегоа, другиот дел сè уште ги чекаме бидејќи за некои резултати е потребно време за садење бактериски култури, а дел од другите примероци ќе бидат испратени во странство за поконкретна анализа“, рече Арбен Витија, министер за здравство, Косово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button