ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Драчево ќе се подигне крст 63,5 метри

Во центарот на населбата Драчево има камен-темелница на православниот верски симбол. Крстот висок 63,5 метри доби зелено светло од Советот на општина Кисела Вода и од март започнаа работите. Граѓаните велат дека верските објекти се последното нешто што му треба на ова општество. Според нив, овој простор со околу 100 илјади жители има многу недостатоци кои ќе се решеле со тие 150 илјади евра колку што чини крстот.

„Жителите на Драчево велат дека на Поликлиниката и недостигаат основни препарати за здравствени прегледи, и се против парите да се користат за споменици и надгробни споменици, како што е планот за изградба на крст во центарот на Драчево, што не беше возможно пред неколку години во Бутел“, Аднан Ќаили, новинар

Според проектот, инвеститор за овој крст е Македонскиот светски конгрес предводен од Тодор Петров. Тој телефонски ни рече дека средствата ги донирале три приватни компании, но дека формално се процесуирани преку Конгресот. Според Петров не се потрошени пари од државниот буџет. Истиот проект, во 2016 година беше одбиен да се направи во општина Бутел по бројни реакции од граѓаните, што значи дека цели за 6 години истата градба сега ќе се поставува во Драчево. /Алсат.мк

Аднан Ќаили 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button