МАКЕДОНИЈА

Во гаснењето на пожарите ангажирани и 450 полицајци

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 05.08.2021 до 07.00 часот денеска во активностите за гаснење и превенирање на пожарите во земјава, од страна на МВР беа ангажирани околу 450 полициски службеници, како и 165 мото-патроли и 148 возила, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во текот на посочениот период, во непосредна близина на пожарот кај месноста „Стара депонија“ во Штип бил затекнат С.Г. (57) од Штип со патничко возило „опел астра“, во кое при контрола се пронајдени изгорени пружини, за кои појаснил дека ги палел за да ги продаде како отпадно железо. Известен е Јавен обвинител, а по комплетирање на материјалот ќе следи соодветен поднесок.

На 05.08.2021 во 20.10 часот на репетитор Водно од страна на полициска патрола се затекнати три лица кои се движат во шумски појас и тие биле задржани во полициска станица, по што против нив е поднесен соодветен поднесок.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button