Во Гинеколошката болница во Чаир за прв пат се очекува да биде отворено одделение за стерилитет
Во Гинеколошката болница во Чаир за прв пат се очекува да биде отворено одделение за стерилитет

Следниот период се очекува во гинеколошката болница во Чаир да претпре повеќе реконструкции. Покрај изградба на амфитеатар и библиотеката,на гинекологија ќе се изгради и ординација со цел да се скрати времето на чекање на пациентите. Директорката Пранвера Изаири рече дека за прв пат во оваа болница ќе се отвори Оддел за стерилитет за кој процедурите веќе се при крај.
„Имаме ветувања од странска организација на која не сакам да и го откријам името од објективни причини бидејќи административната постапка со таа организација сè уште не е завршена. Таа ќе инвестира во реконструкцијата на болницата и во опремата што ќе ни биде потребна за Одделот за стерилитет. Првично, ќе започнеме со помошните методи за бременост, односно со инсеминација, но со тенденција да продолжиме со процедурите за инвитро оплодување”, рече Пранвера Изаири, директорка на Гинеколошка болница Чаир.
Директорката Изаири рече дека минатата година бројот на абортуси е намален за 30 отсто.
„Бројот на абортуси се намалува, расте свеста кај населението во нашата земја за одговорноста од бременоста, односно има тренд на опаѓање. Минатата година, имаше пад од 30 проценти во бројот на абортуси. Свеста е подигната и тие повеќе ги користат контрацептивни методи отколку што избираат да ја прекинат бременоста по вештачки пат“, рече Пранвера Изаири, директорка на Гинеколошка болница Чаир.
Во текот на 2024 година во Гинеколошката болница во Чаир извршени се над 3.600 породувања и исто толку операции и други помали интервенции./Алсат.мк
Мелихате Рустеми