РЕГИОН

Во Грција нема да има карантин за празниците, но можно е масовно тестирање на населението

Грчкиот министер за здравство Танос Плеврис изјави дека во моментов не се планира воведување карантин во земјата по повод претстојните празници ниту, пак, некои дополнителни антиковид-мерки, известува грчката телевизија „Скај“, а пренесува МИА.

„И Божиќ ќе славиме и Нова година ќе славиме, и бидејќи слушам различни сценарија, не постои размислување да одиме на рестрикции кои ќе упатуваат на заклучување“, истакна Плеврис.

Плеврис истакна дека она што се разгледува е можноста за масовно тестирање на населението, како за вакцинираните така и за оние што не се вакцинирани, за да може да се увиди комплетната епидемиолошка слика за земјата. Тој објасни дека во следните денови надлежната комисија на епидемиолози ќе одржи состанок и ќе бидат соопштени евентуални одлуки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button