ВЕСТИРЕГИОН

Во Грција од денеска во сила нови анти-ковид мерки

Во Грција од денеска на сила стапија нови мерки против ковид-19, кои освен за Грците, важат и за туристите кои ја посетуваат земјата. Од денеска им е забранет влез во затворени простори за лицата над 60 години кои не примиле трета доза, а поминале седум месеци од вакцинацијата, а се намалува и важноста на потврдата за прележан вирус од шест месеци на три месеци, јави дописничката на МИА од Атина.

Граѓаните кои се над 60-годишна возраст и иако се вакцинирани, но поминале седум месеци и не примиле трета доза, од денеска се сметаат за невакцинирани и нема да имаат пристап во местата каде што е задолжителен сертификат, односно според портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому „нема да ги имаат привилегиите што ги имаат вакцинираните“ и за нив ќе важат истите рестрикции како и за невакцинираните.

Од друга страна, потврдата за прележан ковид-19 ќе се издава само по направен ПЦР тест и не постои опцијата со позитивен рапид тест, а времетраењето се скратува од шест на три месеци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button