ВЕСТИРЕГИОН

Во Грција се отвораат продавниците, полицискиот час останува

По речиси два и пол месеци, под посебни мерки, со претходно испратена СМС порака и со ограничено време за шопинг, денеска во Грција се отвораат продавниците, моловите и трговските центри, а повторно со работа почнуваат и козметичките и фризерските салони, берберниците и центрите за техничка контрола на возила, јави МИА од Атина.

Отворањето на продавниците, сепак не значи и крај на карантинот во Грција што започна на 7 ноември 2020 година, со оглед на тоа дека и понатаму во сила се рестрикциите за движење, односно излегување од дома само со испратена смс порака од шест конкретни причини, а паралелно во сила е и полицискиот час од 21 часот до 5 часот наутро, како и забраната за патување меѓу периферии.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button