РЕГИОН

Во Хаг продолжува судењето против Салих Мустафа, поранешен командант на ОВК

Во Специјалниот суд во Хаг продолжува судењето против Салих Мустафа, поранешен командант на Ослободителната војска на Косово, кој е обвинет за воени злосторства. Денеска се појави првиот сведок во случајот против Мустафа. Идентитетот на сведокот бил прикриен од безбедносни причини. Обвинителот Михалчук, прв почна да го испрашува сведокот, кој рече дека две лица го запреле на улица, кои носеле униформи, кои според него биле шарени „слични на тие на ОВК“. Сепак, сведокот рече дека не забележал амблем, бидејќи му ставиле торбата на главата. На прашањето зошто мисли дека луѓето што го привеле биле припадници на ОВК, тој рече: „така ми се претставија“. За време на неговото сведочење, тој рече дека луѓето што го привеле го обвиниле за соработка со Срби. Обвинението против Мустафа за произволно апсење на луѓе, сурово постапување, тортура и незаконски убиства беше потврдено во јуни минатата година. Се тврди дека злосторствата биле извршени во притворскиот комплекс Злаш на Косово во април 1999 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button