ВЕСТИРЕГИОН

Во Хрватска и Словенија заострување на мерките против ковид-19

Во Хрватска и Словенија денеска стапуваат во сила построги мерки поради зголемувањето на бројот на заразени од коронавирусот. Јавните собири во Хрватска ќе бидат дополнително ограничени, а според новата одлука, јавните собири и настаните на отворено ќе бидат забранети за повеќе од 50 лица (100 досега), додека собири со потврди за ковид-19 ќе бидат ограничени на 200.

Засега нема промена во работата на угостителските објекти, но поинтензивно ќе се контролираат ограничувањата на бројот на гости, одржувањето на физичко растојание од 1,5 метар и употребата на маски при седење на маса, проветрувањето и чистењето на просториите.

Од денеска, бројот на гледачи на спортските натпревари во Хрватска е ограничен, при што најмногу 20 насто од трибините може да се полнат во затворени простории, а до 40 насто на отворено. Воведена е и обврската на работодавачите да ја организираат работата од дома секогаш кога тоа е можно.

Според новиот протокол со кој словенечката влада реагираше на забрзаното ширење на варијантата омикрон, важноста на негативен ПЦР тест при влез во Словенија ќе биде 48 часа по земањето брис, а на брз антиген тест 24 часа по земањето брис. Исто така, со новите мерки, кои стапуваат во сила од понеделник, ќе се променат условите за користење на јавниот превоз, кој ќе биде достапен само за лица кои биле вакцинирани, имале ковид-19 или биле негативни на тестот и мора да носат заштитна маска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button