МАКЕДОНИЈА

Во јули едно починато лице во Ковид центарот во Тетово, прегледани 464 луѓе

Во јули едно починато лице во Ковид центарот во Тетово, прегледани 464 луѓе

Во текот на јули 2022 година во Ковид центарот на тетовската клиничка болница починало едно лице, од вкупно пет луѓе кои биле на болничко лекување во текот на 30-те денови од минатиот месец.

– Од 1 до 31 јули 2022 во амбулантата на Ковид центарот биле извршени вкупно 464 прегледи на луѓе со симптоми на Ковид-19 и сомнителни случаи. Од нив пет биле задржани на болничко лекување, а тројца биле дијагностицирани со Ковид-19 од поттипот Б34.2 изјави д-р Хасан Илјази, одговорен за односи со јавноста при Клиничка болница Тетово.

Според податоците на Институт за јавно здравје во Тетово има 169 активни случаи. Досега 14102 лица заболеле поради коронаворусот, а 599 починале.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button