ВЕСТИСВЕТ

Во Калифорнија прогласена состојба на катастрофа

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на природна катастрофа во Калифорнија поради огромниот пожар и денеска ќе го посети Сакраменто, објави Белата куќа.

„Претседателот прогласи состојба на катастрофа во државата Калифорнија и нареди Федералната служба за помош да ги поддржи локалните и државните напори во областите погодени од пожарот во Калдор што избувна на 14 август 2021 година и се уште трае“, објави доцна синоќа Белата куќа.

Повеќе од 6 800 мали и големи пожари избија летово и зафатија околу 689 000 хектари земја само во Калифорнија.

Пожарот во Калдор сега е 65 проценти под контрола. Повредени се пет лица и уништени се повеќе од илјада домови и други објекти, тврдат властите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button