ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во катастарот зголемен е бројот на барања за експропријации кои се однесуваат на коридорите 8 и 10
Во катастарот зголемен е бројот на барања за експропријации кои се однесуваат на коридорите 8 и 10
Директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски, вели дека има голем број барања за експропријации поврзани со коридорите 8 и 10. Според него, се прават обиди предметите што побрзо да се решат за да се избегнат прекини и проектот да продолжи според планираното.
Живковски најави дека Агенцијата за катастар има за цел да ги олесни услугите за граѓаните и правните лица преку новиот портал „е-услуга“. Станува збор за 94 сервиси, додека порталот ќе биде активен од 1 јануари следната година.
Живковски најави дека до крајот на годинава и во текот на наредната година ќе се додадат нови услуги во Агенцијата за катастар./Алсат.мк
Авни Тахири