ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Во Клиничкиот центар битка и за вработување и за неодење во пензија

Во Клиничкиот центар битка и за вработување и за неодење во пензија

Сите млади лекари сакаат да се вработат во Универзитетскиот клинички центар, а оние кои се на прагот на пензија не се откажуваат од позициите сакајќи да продолжат колку што им дозволува законот, односно до 67 години. Од друга страна, во регионалните болници и руралните здравствени домови има очигледен недостиг од кадар. Еден од приватните специјализанти решил да бара решение.

„Многу е тешко за приватен специјализант да се интегрира во државниот здравствен систем. Како приватни специјализанти не можеме да ја вршиме дејноста матичен лекар или да водиме институција иако дипломираме, туку мора да бидат ангажирани други лекари додека сме на специјализација. Јас сум меѓу ретките што имав можност да работам во приватни ординации, инаку, во спротивно по сите околности, нашиот пат би бил како на повеќето наши колеги, поточно надвор од нашата земја“, изјави Бенјамин Камбери, специјалист интернист.

Според специјализантите, најавите на Министерството за здравство за вработување на 50 дипломирани доктори не треба да се поврзува со пензионирањето на близу 80 лекари во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Специјализантите велат дека има работа за сите кои останале.

Од Синдикатот на Клинички пак, велат дека ниту министерот, ниту директорите немаат законско право да задржуваат или пензионираат лекари врз основа на нивниот учинок. Реакцијата до надлежните се однесува на сомнежите за селективни одлуки на партиска основа.

„Законот не им дава право на директорите на клиниките и на министерот за здравство преку подзаконски акти, односно со анализа на податоците од “Мој термин“ да носат одлука за престанок на работниот однос на оваа категорија вработени, најмногу до 67 години, доколку дале согласност да продолжат со работа по 64 години и имаат 15 години стаж“, велат од Синдикатот на Клинички центар,

И додека синдикалците најавуваат колективни тужби против Министерството за здравство и директорите, новодипломираните медицински лица и понатаму ја напуштаат државата./Alsat.mk

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button