РЕГИОН

Во Косово најавено укинување на полицискиот час и на забраната за забави и веселби

По видното намалување на бројот на заразени и починати од ковид-19, косовските власти најавуваат дека од средината на идниот месец ќе ја укинат забраната за одржување веселби и свадби, која беше воведена со цел спречување на ширење на пандемијата.

Асоцијацијата на општините на Косово (АОК), по денешната средба со министерот за здравство, Арбен Витиа, соопшти дека наскоро се очекува и укинување на полицискиот час, а на 15 јуни и одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти.

„Во однос на олеснувањето на мерките, по консултациите со градоначалниците, во текот на неделава ќе се оцени ситуацијата и се очекува укинување на полицискиот час и од средината на јуни ќе се олеснат мерките во врска со веселбите. Се очекува да се дозволи угостителството да работи до 24 часот, а организацијата на свадбите се очекува да биде дозволена од 15 јуни“, се вели во соопштението на АОК.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button