ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 26 пациенти, пуштени 39 оздравени

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 331 лице сомнително и потврдено за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија, на Очната клиника и на ОРЛ. Во ковид центарот на Кожната клиника биле примени  четворица болни и тројца се хоспитализирани на Клиниката за Неврологија.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало  9 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 7 болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button