ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 28 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 350 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 примени пациенти и 10 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button