ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 31 пациент

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 31 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 303 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 8 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 нови приеми на пациенти и 8 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле  не биле примени пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 34 оздравени пациенти.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button