ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 48 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 515 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 13 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 примени пациенти и 11 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле  бил примен еден болен, исто како и на  Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 2 нови пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 202 пациенти.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button