ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 6 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 151 лице сомнително и потврдено за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 2  приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 6 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.
Во  ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 31 пациент.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button