ВЕСТИЗДРАВСТВО

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 6 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 204 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 2 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.
Во  ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 47 пациенти.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button