ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 79 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 79 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 675 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град, пренесуваат од Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 33 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 18 примени пациенти и 14 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 1 нов болен, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 62 оздравени пациенти.