ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во кумановско село фабрика за изгорено масло, виделе и ИРАНСКИ камиони

Во кумановско село фабрика за изгорено масло, виделе и ИРАНСКИ камиони

Овој чад и тешкиот мирис на прегорено масло веќе две недели ги загрижува жителите на селото Костурник кај Куманово. На 200 метри од куќите постои сомнеж дека има дива рафинерија заградена со високи ѕидови. Жителите велат дека се загрижени за своето здравје бидејќи не можат да излезат ни во двор, а вратите и прозорците ги држат затворени.

„Во селото Костурник со 200 жители има многу поплаки бидејќи мириса на нафта и нафтени деривати, а на влезот од селото е изградена скриена херметичка работилница, која тврди дека има магацин. Но, поради силниот ветер има сомневања дека таму се преработува прегорено масло. Жителите забележале и движење на камиони со ирански регистарски таблички на локацијата.

„Во секоја куќа лошо мириса, штетна миризба и за децата и за возрасните. Мириса многу отровно и никого не праша што гради. Подигна ѕидови високи 3 метри за да не се гледа какви активности се вршат“, изјави Џафер Џафери, жител.

„Кога го купи ова, не праша никого. Кога дознавме дека ќе инвестира го контактиравме, но тој ни рече дека ќе го користи како магацин за дистрибуција на моторно масло, а не за рафинерија“, рече Ќаил Ќаили, жител.

„Одржавме состанок и го поканивме инвеститорот. Му ги кажавме нашите забелешки дека не е во ред оваа фабрика да работи, јас ја нарекувам така затоа што ја сметавме како магацин. Оваа активност го уништува здравјето на луѓето. Не знам зошто му се дозволува од институциите да работи на овој начин“, нагласи Ќани Селими, претседател на Месната заедница.

Од Општинскиот инспекторат во Куманово велат дека вакви фабрики се опасни по здравјето на луѓето и не смеат да се градат во близина на населени места. По добивањето на поплаките од жителите тие денеска излегоа на терен, но никој од фирмата не ги пречека. Главниот инспектор Бојковски рече дека фирмата нема дозвола за преработка на прегорени масла, туку само за складирање стока.

Од Министерството за екологија велат дека го добиле записникот од општинскиот инспекторат и согласно законот ќе забранат секаква активност која штети на животната средина и го загадува воздухот. Според нив, вакви обиди за преработка на прегорени масла имало и пред неколку години во Скопје и Штип, но барањата за работа биле одбиени и бизнисите биле затворени.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button