Денеска иако врнеше, многумина се движеа низ уличките на чаршијата за да заработат парче леб.
17 октомври е познат како Меѓународен ден за искоренување на сиромаштијата, но колкаво значење му се придава кај нас? Граѓаните велат дека само обичните граѓани се оние кои помагаат, а политичарите заборавиле и дека во земајва постои сиромаштија.
Во светот има над 1 милијарда и 300 милиони луѓе кои живеат во постојана сиромаштија. Кај нас, според податоците на Државниот завод за статистика, тој број се зголемува и актуелно изнесува нешто повеќе од 450.000 лица.
Авни Тахири