ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во моментов нема потреба да се менува моделот на настава

Моменталната ситуација со вирусот не го вклучи алармот за промена на моделот на реализација на наставата, односно од учење со физичко присуство – во онлајн настава. Министерката за образование, Мила Царовска, вели дека бројот на заразени ученици е многу мал.

Освен меѓу учениците, Царовска вели дека и кај наставниот кадар има мал број заразени, а нивото на вакцинација достигнала над 70%. Во моментов, наставниот процес низ целава земја се одвива со физичко присуство, освен во средните училишта во Тетово и Гостивар за кои Владата одлучи да продолжат со онлајн настава уште една недела.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button