ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во МВР нема возачки дозволи на албански јазик, ама некој друг бил виновен

Повеќе од три недели во МВР нема возачки дозволи на албански јазик. Поради тоа, многу граѓани кои се пријавиле да добијат ваков двојазичен документ, се останати без него. Некои од нив, на пример, транспортери и превозници, но и наши граѓани кои живеат во странство можат да останат без работа.

Дали ви треба дозвола за патување и возење во странство?

За сè, за сите потреби!

Дали ќе чекате за албански јазик?

Ќе почекам за албански, како што го доставив барањето, само еден формулар недостасува.

Граѓаните велат дека ваквата состојба го ограничила нивното движење со возилата, кои им се потребни на дневна основа. Но, тоа не е се. Имено, поради тоа што веќе аплицирале за нова дозвола, системот не им дозволува тоа да го сторат повторно за барем да извадат дозвола само на македонски јазик.

Да, има проблем, брат ми 10 дена се обидуваше да добие дозвола, но не му ја дадоа. Сега отиде да пополни формулар и не знам колку долго ќе се одложува постапката, но секако доцни повеќе од еден месец.

 Имам возачка на македонски, но сакам да ја преведам да стане меѓународна. Кога отидов таму, ја преведов на италијански, но не можам повторно да ја земам од Македонија и ми правеа проблеми.

Во Македонија нема институција што функционира правилно, на која било врата да се тропа за социјални, економски, образовни прашања, дури и извод од матична книга на родените да го добиете, треба да се откажете од чекање и ќе поминат многу денови за да завршиш работа.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека доцнењата биле предизвикани поради германскиот оператор, кој нарачката со нови дозволи требало да ја достави до 25 декември. Според нив, документите треба да стигнат следната недела и сите што се на списокот на чекање, ќе добијат дозволи во дадениот рок. Слични проблеми лани од јануари имаше и со недостигот на пасоши и лични карти.

Adna Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button