ЕКОНОМИЈАПОСЛЕДНИ

Во најава субвенции за фотонапонски соларни панели

Министерството за економија побарало од ресорот финансии продолжување на субвенциите за ПВЦ прозорци, печки на пелети и сончеви колектори, рече во денешното гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, Валентина Старделова, раководител на сектор за енергетика при министерството за економија.

Како што информираше таа, во план е субвенционирање и на инсталација на фотонапонски соларни панели во домаќинствата, односно систем што овозможува складирање на вишокот електрична енергија добиена од сонцето.

„Одлуката е на граѓаните, дали ќе се одлучат вишокот да го предаваат во мрежата или само ќе ја користат за сопствени потреби“, рече Старделова.

Износот што ќе го субвенционира државата сѐ уште е во фаза на анализа, но се очекува да биде познат до крајот на оваа година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button