ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во недела 3 години од „Ласкарци“, случајот заглавен

Бирото за судски вештачења сè уште го нема почнато супер-вештачењето за тоа како настанала тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци. Според информации на Алсат, сè уште се формира тимот од машинска и сообраќајна област и течат консултации кој вештак би се ангажирал за да го направи супер-вештачењето кое го побара скопска „единица“. Овој вид експертско мислење се прави по барање на судот во случај ако претходно обвинителството и одбраната презентирале различни вештачења.

„Во меѓувреме, во скопскиот Кривичен суд засега вратите за случајот Ласкарци се затворени. Сè додека не се направи супер-вештачењето за тоа како настанала тешката сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово пред три години во која загинаа 16 патници на „Дурмо Турс“, судот нема да одржува рочишта бидејќи досега се презентирани сите докази, освен супер-вештачењето кое лани во ноември го побара самиот суд.”

Привично ова вештачење требаше да го направат битолскиот Технички факултет, штипскиот Универзитет или скопскиот Машински факултет. Никој од нив не прифати да го направи тоа. Се правдаа дека немале доволно овластени вештаци. Од лани во декември се одржа последното судско рочиште. Доколку до крајот на март оваа експертиза не биде готова, случајот „Ласкарци“ ќе треба да почне од почеток. Според, Законот за кривична постапка, еден судски процес се враќа одново во случај кога 90 дена по ред не е одржана главна расправа.

Во случајот им се суди на газдата на „Дурмо Турс“, Дурмиш Бељули, на возачот на автобусот, како на уште четворица вработени во фирмата и во гостиварскиот Технички центар во сопственост на Бељули, каде всушност се прегледувала исправноста на автобусот, а каде обвинителството констатираше неправилности. В недела се навршуваат точно три години од трагедијата.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button