ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во недела почнува пописот, се прават последните подготовки

Властите велат дека се е подготвено да почне и да се одржи пописот, како и оти не се очекуваат никакви проблеми. Најавуваат дека има решение и за оние граѓани кои не сакаат да примат невакцинирани попишувачи, и оти ним ќе им бидат испратени вакцинирани.

До почетокот на пописот ќе се вршат дополнителни обуки, но и обиколка на пописните кругови со кои се задолжени попишувачите. До недела, секој попишувач заедно со својот реонски инструктор ќе направи и план за движење низ пописниот круг со цел ниту еден објект, ниту едно домаќинство, да не остане неопфатено.

Пописот ќе почне во недела, на 5 септември, и ќе трае до 30 септември. До тој ден ќе трае и онлајн пописот на дијаспората што почна на 1 март. До вчера до 7.30 часот во дијаспората се попишани 190.890 граѓани. Ваква статистичка операција во земјава последен пат е спроведена во 2002 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button