ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во недела пристигнуваат првите 24.000 вакцини на „Астра Зенека“ преку Ковакс

На 28 март во државава ќе пристигне првата пратка од 24.000 вакцини на „Астра Зенека“ преку Ковакс системот, со што, како што најавија властите, треба да почне вакцинацијата на населението.

-Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на „Астра Зенека“ преку Ковакс системот, објави синоќа на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Како што изминатите денови најави Филипче, во април се очекува да стигнат поголеми количини вакцини и од Кина и Русија..

Во тек е вакцинација против Ковид-19 на здравствените работници. Според податоците објавени на сајтот kovid19vakcinacija.mk , досега вакцина против Ковид-19 примиле 6 940 здравствени работници, а вкупно пријавени граѓани за вакцинација преку сајтот vakcinacija.mk се 111.285.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button